Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Maris – Berry

Original price was: 9.850 ден.Current price is: 7.880 ден. со ДДВ
Чанта Женска Кожна Maris – Berry
Шифра: C48.143618

На залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Maris е елегантна кожна чанта која е создадена лесно да се вклопи во вашето секојдневие. Без разлика дали ја носите преку рамо или како crossbody, Maris нуди одлична комбинација на стил, практичност и удобност. Изработена е од висококвалитетна полнозрнеста кожа од нашата Soft Serene колекција, препознатлива по својата природна мекост, флексибилност и префинет изглед. Со своите компактни димензии од 17,5 × 8 × 27 cm, чантата нуди доволно простор за сите ваши секојдневни неопходни работи, без да биде непотребно голема.

 

Maris доаѓа со два отстранливи ремени – краток ремен за носење и долг, прилагодлив ремен за рамо. Благодарение на ова, лесно можете да го менувате начинот на носење, во зависност од приликата и вашиот стил.

Главната преграда се затвора со патент и нуди практично организиран простор за вашите секојдневни работи. Во внатрешноста се наоѓа посебен џеб со патент, идеален за уредно и побезбедно чување на помали предмети, како и посебна преграда за мобилен телефон, која овозможува брз и лесен пристап без пребарување низ чантата.

На задната страна се наоѓа дополнителен џеб со патент, поставен блиску до телото, што го прави особено практичен за чување на повредни предмети кои сакате секогаш да ви бидат при рака.

Со својот компактен дизајн, природно мека кожа и внимателно организирана внатрешност, Maris е чанта која успешно ги спојува елеганцијата и функционалноста – едноставно идеален избор за секојдневна употреба.

Должина

27cm

Ширина

8cm

Висина

17.5cm

Боја

Berry

Пол

Женски

Тип на кожа

Serene Leather

За кожата

Овој производ е дел од Serene Series колекцијата на The Chesterfield Brand. Оваа колекцијата е изработена од висококвалитетна Drum Dyed Dry Milled кожа, позната по својата мекост, леснотија и природна еластичност. Благодарение на специјалниот процес на обработка, кожата добива префинета природна текстура со сопствен карактер, додека нежните тонови создаваат мирен, елегантен и безвременски изглед.

Со својот префинет финиш и висок квалитет на изработка, Serene Series нуди совршена комбинација од елеганција, удобност и практичност за секојдневна употреба.

 

Одржување

За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.

Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.

 

Honour Your Success

Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.

Look better, Feel better. Perform better.

Honour Your Success!

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Maris – Berry”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form