На залиха
Monza е чанта за секој ден. Нејзиниот елегантен дизајн лесно ќе се вклопи во вашиот стил, а практичната внатрешност и простор ќе ви биде од голема помош во секојдневието. Токму поради ова Monza е идеална како за работните обврски така и за вашите шопинг авантури.
Во широкиот внатрешен дел ќе најдете преграда за лаптоп до 14 инчи, џеб за телефон, организер и дополнителен џеб со патент, а ќе ви остане и простор за сите други работи што ви се потребни во текот на денот.
| Должина | 33cm |
|---|---|
| Ширина | 17cm |
| Висина | 29cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.