Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Nancy – Црна

7.490 ден со ДДВ
Шифра: C48.138000

На залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Кожната чанта Nancy е наменета за оние кои секогаш сакаат да изгледаат стилски и да се издвојат од останатите. На прв поглед ја одликува остар, но минималистички и елегантен дизајн кој можете да го комбинирате со секој ваш аутфит – без разлика дали е посвечен или секојдневен.

Има идеални димензии во кои ги собира сите ваши најважни работи без проблем, а притоа се тоа да не изгледа пренатрупано и невкусно. Во внатрешноста ќе најдете и две дополнителни странични прегради, една со сопствен патент и друга отворена за чување на работите кои сакате секогаш да ви се на дофат на рака како што тоа е на пример мобилниот телефон или паричникот.

Nancy доаѓа со две различни рачки, една пократка за преку рамо и една подолга прилагодлива рачка со која можете да ја носите чантата удобно преку цело тело на висината која ви одговара. Двете по потреба можат да се вадат и менуваат во зависност од начинот на кој сакате да ја носите во моментот.

Благодарение на нејзиниот стилски и функционален дизајн и разновидните опции за носење, Nancy ќе биде вашиот прв избор во секоја пригода.

Должина

29cm

Ширина

8cm

Висина

15cm

Боја

Црна

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Nancy – Црна”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form