Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Vespera – Црна

Original price was: 9.850 ден.Current price is: 7.880 ден. со ДДВ
Чанта Женска Кожна Vespera – Црна
Шифра: C38.023000

Нема на залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Vespera е елегантна и безвременска кожна чанта од The Chesterfield Brand со неверојатно стилски и уникатен дизајн кој не може да помине незабележано. Ова е модел кој дефинитино ќе даде посебен карактер на секој ваш аутфит и е совршена за дамите на кои секогаш им фали малце место и организација во чантата.

 

Чантата однадвор ја карактеризираат две широки прерамки за рамо, внимателно дизајнирани за удобно носење, дури и преку подебела облека. Благодарение на нивната форма, прерамките стабилно стојат на рамо и не се лизгаат при движење.

Главната преграда се затвора со патент и нуди пространа, паметно организирана внатрешност. Со помош на средишен џеб со патент, главната преграда е поделена на два посебни дела, овозможувајќи подобра прегледност и полесна организација на сите ваши работи.

Задниот дел нуди доволно простор за документи, шише со вода, таблет или книга, додека предниот дел е идеален за паричник, клучеви, футрола за очила, средства за лична хигиена и други секојдневни работи. За побезбедно чување на вредните предмети, во внатрешноста се наоѓа и дополнителен мал џеб со патент.

Во предниот дел на главната преграда има и посебни отвори за 4 картички, 3 пенкала и мобилен телефон, овозможувајќи сите помали предмети да бидат уредно организирани и лесно достапни.

На задната страна на чантата се наоѓа дополнителен џеб со патент, идеален за предмети што сакате брзо и лесно да ви бидат на дофат на рака, без потреба да ја отворате главната преграда.

Иако Vespera нема посебна преграда за лаптоп, благодарение на своите димензии и практично организираниот простор, претставува одличен избор за секојдневна употреба, особено за оние кои сакаат да носат повеќе работи со себе.

Со својот префинет изглед, пространа внатрешност и удобни прерамки, кожната чанта Vespera лесно ги комбинира елеганцијата и функционалноста и е создадена да ве придружува во текот на целиот ден.

Должина

30.5cm

Ширина

12cm

Висина

32cm

Боја

Црна

Пол

Женски

Тип на кожа

Sienna Soft Series

За кожата

Овој производ е дел од Sienna Soft колекцијата на The Chesterfield Brand. Тоа е најквалитетна 100% полнозрнеста кожа која е препознатлива по својата исклучителна мекост на допир и уникатен луксузен изглед.

За да се добие овој тип на кожа, по процесот на штавење, кожата поминува низ специјален процес на обработка, при која ја добива својата карактеристична мекост и флексибилност. Потоа, следува рачно третирање со природен восок кое создава топли и богати нијанси на бојата и дава суптилен ефект на длабочина. Како последен чекор е завршното полирање кое и дава нежен сјај и префинет завршен изглед на кожата нагласувајќи ја нејзината природна убавина.

Резултатот е кожен производ кој е неверојатно мек и пријатен на допир и претставува совршен спој на врвен квалитет, луксуз и безвременска елеганција која со текот на времето и користењето добива уште поубав карактер и ваш личен печат.

 

Одржување

За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.

Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка. Ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.

 

Honour Your Success

Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.

Look better, Feel better. Perform better.

Honour Your Success!

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Vespera – Црна”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form