Пребарај производ Започнете со пишување

Каиш Кожен Morrison – Коњак (95 cm)

2.650 ден со ДДВ
Шифра: C60.010231095

На залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Morrison е стилски кожен каиш од The Chesterfield Brand, создаден да го заокружи вашиот изглед со доза на елеганција и самодоверба. Овој кожен каиш е вистински must-have додаток во секоја гардероба – едноставен, но со карактер и лесно прилагодлив на различни стилови.

Со својот класичен и елегантен дизајн, Morrison совршено се комбинира и со лежерни, и со деловни комбинации. Дискретниот луксуз и чистите линии му даваат универзален карактер, поради што овој кожен каиш лесно станува дел од секојдневното облекување.

Morrison има ширина од 3,5 cm и цврста метална тока со префинет изглед. Достапен е во три безвременски бои – коњак, црна и кафеава, како и во должини од 95, 105, 115 и 120 cm, за да одговара на различни потреби и стилови.

Со својот квалитет, дизајн и елегантен изглед, Morrison е кожен каиш кој дискретно го надополнува вашиот стил – практичен, отмен и секогаш со вкус.

 

Напомена: Должината на каишот се мери од почетокот на дупчињата до крајот на кожниот дел, без токата. Доколку ја мерите целосната должина на кожниот дел, потребно е да додадете 15 cm. На пример, каиш со декларирана должина од 95 cm има вкупна должина од 110 cm.

Сите кожни каиши од The Chesterfield Brand се изработени така што може рачно да се скратат, доколку должината не е соодветна за вас.

Должина

95cm

Боја

Коњак

Пол

Унисекс

Тип на кожа

Antique Buffalo Crumbled Leather

Доколку барате елегантен и квалитетен кожен каиш кој лесно ќе се вклопи во вашиот стил тогаш каишите на The Chesterfiled Brand се вашиот избор. Достапни се во повеќе величини и бои за сечиј вкус.

Сите кожни каиши на The Chesterfield Brand се направени така да можете рачно да ги скратите доколку должината не е соодветна за вас.

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Каиш Кожен Morrison – Коњак (95 cm)”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form