На залиха
Со елегантен, практичен дизајн и внимателно креиран распоред на прегради, кожниот паричник Lynnwood ви нуди се што ви треба за организиран ден. Без разлика колку работи и да носите внатре, овој паричник чува сè добро организирано и одвоено, а секако и максимално безбедно со вградената RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење пари и податоци.
Тоа што е направен од неверојатната Soft Nappa кожа е само дополнителна карактеристика која ќе го издвои по елеганција од сите други паричници кои досега сте ги имале.
Во внатрешноста на левата страна, ќе најдете три места за вашите најчесто користени картички. Дополнително отворете ја оваа страна понатаму и ќе откриете уште три дополнителни отвори за картички и проѕирен отвор, совршен за фотографија, сметка, лична карта или друг документ. Идеален дизајн што го двои Lynnwood како совршен додаток за оние кои сакаат организиран паричник.
На десната страна има простран џеб за монети, а зад овој џеб, ќе најдете два дополнителни слота за други мали предмети. Горниот дел за книжни пари е поделен на два дела за уште поголема организација.
Овој производ е дел од колекцијата Soft Nappa. Nappa кожата е луксузна, врвна полнозрнеста кожа позната по својата неверојатно мека, мазна и еластична текстура неверојатно пријатна на допир. Овој висококвалитетен материјал е подложен само на минимална обработка, што му овозможува да го задржи својот природен изглед додека со текот на времето развива уникатна патина. Nappa-кожата е препознатлива по нејзината издржливост што ја прави идеален материјал за креација на нашите луксузни кожни паричници.
Благодарение на ситното зрно (структурата на влакната) и исклучителната отпорност на абење, Nappa кожата претставува совршена комбинација на елеганција и функционалност.
Овој производ е лесен за одржување со нашиот восок за кожа кој е производ и за чистење и за одржување во едно!
| Должина | 11cm |
|---|---|
| Висина | 9cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Nappa Leather |
Машките паричници на The Chesterfield Brand се одликуваат со модерен и елегантен дизајн и изглед. Направен од 100% висококвалитетна кожа која гарантира долгогодишно користење. Имаат доволен број различни прегради за да ги сместите сите ваши пари, картички и документи, а сепак тоа да изгледа елегантно и практично.
Сите паричници користат уникатна RFID технологија за заштита од бесконтатктно крадење пари. Во повеќето паричници таа е како мала метална плочка која носи своја тежина. Во нашиот случај е сместена во самата кожа и е комплетно неприметна и без тежина.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.