На залиха
Bennett е елегантен паричник за картички, кој совршено ги комбинира стилот и функционалноста. Во внатршноста е изработен од цврсто алуминиумско куќиште обложено со нашата висококвалитетна кожа.
Благодарение на практичниот дизајн и организација, сите ваши картички и готовина ќе бидат уредно организирани, а со вградената RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење и читање на податоците ќе бидат и безбедно заштитени.
Со помош на механизмот во долниот дел картичките лесно се извлекуваат и автоматски се распоредуваат скалесто овозможувајќи одлична прегледност и брз пристап до картичката што ви е потребна.
Овој паричник во алуминиумското куќиште има простор за 7 картички , а во кожниот дел располага со две дополнителни прегради за картички, еден отворен џеб за банкноти и мала преграда со преклоп на задната страна наменета за монети или поситни предмети.
Со својот компактен дизајн, практичен механизам и внимателно организиран распоред, Bennett е идеален избор за оние кои сакаат сите картички и готовина да ги носат безбедно и уредно, без потреба од класичен паричник.
| Должина | 7cm |
|---|---|
| Висина | 10cm |
| Боја | Berry |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Serene Leather |
За кожата
Овој производ е дел од Serene Series колекцијата на The Chesterfield Brand. Оваа колекцијата е изработена од висококвалитетна Drum Dyed Dry Milled кожа, позната по својата мекост, леснотија и природна еластичност. Благодарение на специјалниот процес на обработка, кожата добива префинета природна текстура со сопствен карактер, додека нежните тонови создаваат мирен, елегантен и безвременски изглед.
Со својот префинет финиш и висок квалитет на изработка, Serene Series нуди совршена комбинација помеѓу елеганција, удобност и практичност за секојдневна употреба.
Одржување
За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.
Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.
Honour Your Success
Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.
Look better, Feel better. Perform better.
Honour Your Success!
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.