На залиха
Барате паричник во кој вашите картички и пари ќе ви бидат уредно организирани и заштитени? Doniva е токму таков модел – елегантен кожен женски паричник создаден за оние кои ја ценат практичноста, квалитетот и стилот во секојдневието.
Изработен од мека и мазна кожа, овој паричник не само што изгледа префинето, туку и лесно се одржува – ситните траги од користење можат едноставно да се отстранат, задржувајќи го неговиот убав изглед со текот на времето.
Doniva располага со две главни прегради. Првата се затвора со копче и може да се прилагоди според содржината, овозможувајќи паричникот секогаш да остане уредно затворен. Во оваа преграда ќе најдете простор за осум картички, од кои две се со транспарентно прозорче – идеални за лична карта или возачка дозвола. Дополнително, тука се наоѓаат и повеќе внатрешни џебови за сметки или документи, како и посебна преграда за книжни пари.
Втората преграда се затвора со патент и е наменета за монети, а во неа има и дополнителен простор за уште четири картички, за подобра организација на сите неопходни работи.
Doniva како и секој паричник на The Chestefield Brand е опремена со интегрирана RFID заштита од бесконтактно крадење на вашите пари и податоци од картичките. Оваа технологија е вградена во внатрешноста на кожата, без да влијае на изгледот – нудејќи сигурност, практичност и стил во едно.
Doniva е паричник што внесува ред и сигурност во вашето секојдневие – елегантен, практичен и со стил.
| Должина | 13cm |
|---|---|
| Висина | 10cm |
| Боја | Црвена |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Nappa Leather |
Овој производ е дел од колекцијата Soft Nappa. Nappa кожата е луксузна, врвна полнозрнеста кожа позната по својата неверојатно мека, мазна и еластична текстура неверојатно пријатна на допир. Овој висококвалитетен материјал е подложен само на минимална обработка. Тоа му овозможува да го задржи својот природен изглед додека со текот на времето развива уникатна патина. Nappa-кожата е препознатлива по нејзината издржливост што ја прави идеален материјал за креација на нашите луксузни кожни паричници.
Благодарение на ситното зрно (структурата на влакната) и исклучителната отпорност на абење, Nappa кожата претставува совршена комбинација на елеганција и функционалност.
Овој производ е лесен за одржување со нашиот восок за кожа кој е производ и за чистење и за одржување во едно!
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.