Нема на залиха
Кожениот паричник Hadley е совршен за секој кој носи многу работи со себе во паричникот. Hadley комбинира функционалност и уникатен стил од надворешноста, а во внатрешниот дел нуди простор за вашите картички, документи, сметки, книжни пари и монети. Доспен е во коњак, кафеава и црна боја за сечиј вкус
Hadley има две посебни прегради кои се затвораат со патент за 100% сигурност. Во едната преграда, ќе најдете дури 15 места за картички и документи, плус доволно простор за готовина и сметки. Другата преграда исто така содржи 15 места за картички, дополнителен простор за готовина како и џеб со патент за монети. Доколку цел овој простор не ви е доволен, на задната страна на паричникот има и дополнителен џеб со патент за брз пристап до вашите најважни работи.
Благодарение на интегрираната RFID технологија, вашите картички и документи се безбедно сместени и заштитени од бесконтактна кражба на пари или лични податоци.
| Должина | 19cm |
|---|---|
| Висина | 9.5cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Женските кожни паричници на The Chesterfield Brand се направени за вистинските шопохолици. Во нив ќе ги собере сите вашите пари, картички и документи. Направени се од 100% високо квалитетна кожа која ви гарантира долгогодишно користење и уживање во вашиот паричник.
Знаеме дека паричниците денеска не се само за чување на парите, туку се дел од модниот стил на дамите. Затоа во The Chesterfield Brand покрај квалитетот и функционалноста, посебно внимание посветуваме на изгледот и стилот на моделите. Сите паричници ги краси модерен и практичен дизајн кој на вашиот стил ќе му дадат дополнителна елеганција во секој момент.
Дополнително, за заштита од бесконтактно крадење на вашите пари, секој паричник е опремен со уникатна RFID технологија која е сместена во тенок слој во самата кожа комплетно неприметна на надворешниот изглед на паричникот.
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.