На залиха
Со својот внимателно организиран распоред, голем капацитет и префинет изглед, Valetta е паричник што совршено комбинира практичност, елеганција и безвременски стил.
Valetta e создаден за жени кои сакаат сè да им биде уредно и секогаш лесно достапно.
Паричникот се затвора со преклоп и копче, а благодарение на двете позиции на копчето, паричникот може лесно да се прилагоди зависно од тоа колку е наполнет, за секогаш да изгледа компактно.
Во внатрешноста на Valetta ќе најдете дури пет големи прегради, идеални за книжни пари, сметки, картички и други важни документи. Првите три прегради се отворени и нудат многу простор и одлична прегледност, додека четвртата преграда се затвора со патент и е специјално наменета за монети и поситни работи.
Под преклопот се наоѓа и петтата голема преграда, како и дополнителни прегради за картички. Valetta располага со вкупно 11 прегради за картички, меѓу кои и едно транспарентно прозорче – идеално за лична карта или возачка дозвола, овозможувајќи брз и практичен пристап кога ви е потребно.
На задната страна се наоѓа и дополнителен џеб со патент, практичен за предмети што сакате да ви бидат лесно при рака.
Секако, како и сите The Chesterfield Brand кожни паричници, така и Valetta има вградена RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење на пари и податоци.
| Ширина | 18cm |
|---|---|
| Висина | 10cm |
| Боја | Sky Blue |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Serene Leather |
Овој производ е дел од Serene Series колекцијата на The Chesterfield Brand. Оваа колекцијата е изработена од висококвалитетна Drum Dyed Dry Milled кожа, позната по својата мекост, леснотија и природна еластичност. Благодарение на специјалниот процес на обработка, кожата добива префинета природна текстура со сопствен карактер. Нежните тонови создаваат мирен, елегантен и безвременски изглед.
Со својот префинет финиш и висок квалитет на изработка, Serene Series нуди совршена комбинација помеѓу елеганција, удобност и практичност за секојдневна употреба.
За одржување на кожата, овој производ лесно може да се третира со нашиот Leather Wax Spray – производ кој истовремено чисти и ја одржува кожата. Дополнително, производот доаѓа со заштитна dustbag торбичка, овозможувајќи безбедно и практично складирање кога не се користи.
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.