Пребарај производ Започнете со пишување

Паричник Женски Кожен Zelan – Црн

4.290 ден со ДДВ
Паричник Женски Кожен Zelan - Dark TaupeПаричник Женски Кожен Zelan - БежПаричник Женски Кожен Zelan - ЦрнПаричник Женски Кожен Zelan - Коњак
Шифра: C08.062400

На залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Дали некогаш сте имале паричник кој совршено и лесно ги комбинира стилот и практичноста? Zelan е кожен паричник од The Chesterfield Brand кој истовремено има елегантен изглед, функционален дизајн и внимателно организирана внатрешност, што го прави идеален избор за секојдневна употреба.

Zelan е поделен на две главни прегради, овозможувајќи уредна организација на сите ваши неопходни работи.

Едната преграда се отвора со преклоп и се затвора со две копчиња на притискање. Во неа се наоѓаат 11 отвори за картички и голема преграда за банкноти, сметки и визит-картички.

Втората преграда се затвора со патент кој овозможува целосно отворање и лесен пристап до внатрешноста. Поделена е на два дела, со дополнителен простор за 4 картички и доволно место за монети.

 

Секако, како и сите The Chesterfield Brand кожни паричници, така и Zelan има вградена RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење и читање на податоците од вашите картички.

Должина

12cm

Висина

8.5cm

Боја

Црна

Пол

Женски

Тип на кожа

Serene Leather

За кожата

Овој производ е дел од Serene Series колекцијата на The Chesterfield Brand. Оваа колекцијата е изработена од висококвалитетна Drum Dyed Dry Milled кожа, позната по својата мекост, леснотија и природна еластичност. Благодарение на специјалниот процес на обработка, кожата добива префинета природна текстура со сопствен карактер, додека нежните тонови создаваат мирен, елегантен и безвременски изглед.

Со својот префинет финиш и висок квалитет на изработка, Serene Series нуди совршена комбинација од елеганција, удобност и практичност за секојдневна употреба.

Одржување

За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.

Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.

 

Honour Your Success

Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.

Look better, Feel better. Perform better.

Honour Your Success!

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Паричник Женски Кожен Zelan – Црн”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form