На залиха
Calden е кожен ранец од The Chesterfield Brand, создаден за динамичното секојдневие на модерните професионалци и љубителите на патувања. Со својот безвременски дизајн и одлично организирана внатрешност, овој ранец нуди сè што ви е потребно за работите кои ги носите со вас да бидат уредно организирани и безбедно заштитени. Calden е дефиниција за баланс помеѓу стилот, удобноста и функционалноста.
Ранецот располага со две главни прегради со патент. Задната преграда е специјално наменета за безбедно носење на лаптоп до 16 инчи, со засилена преграда со димензии од 26 × 37 cm.
Благодарение на паметниот дизајн, патентите на главните прегради се отвораат по целата должина, сè до долниот дел на ранецот, овозможувајќи целосен преглед и лесен пристап до сите работи во внатрешноста. Во преградите ќе најдете доволно простор за документи и други секојдневни работи кои ги носите со вас, како и посебни прегради за мобилен и други поситни работи.
Calden има повеќе дополнителни џебови на предната, задната и страничните страни, овозможувајќи практична организација на сите предмети што ги носите со себе. Без разлика дали ви е потребен простор за шише со вода, ручек или книга, овој ранец нуди доволно место за сè.
На едната страна се наоѓа и еластичен држач за шише, кој овозможува лесно и практично носење на вода додека сте во движење.
Особено практичен детал е малиот џеб со патент на предната прерамка, идеален за платежна картичка или друг документ, која сакате секогаш да ви биде брзо достапна.
Со својот уникатен елегантен изглед, паметна организација и висок степен на удобност, Calden е сигурен придружник за секојдневието , деловните состаноци и патувањата.
Удобноста, како и кај сите производи на The Chesterfield Brand, така и кај овој ранец исто така не е заборавена. Задниот дел на ранецот како и рачките за носење на грб се обложени со мек материјал за поголем комфор при носењето, а на задната страна се наоѓа и лента за закачување на куфер, која значително ќе ви го олесни патувањето и ќе ви помогне да не ја носите целата тежина на грб.
| Должина | 28cm |
|---|---|
| Ширина | 16cm |
| Висина | 40cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
За кожата
Овој производ е направен од висококвалитетна 100% Full Grain Cow Wax Pull Up кожа која воедно е најкористениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Карактеристична е по својата исклучителна мекост, природна текстура и длабока богата боја која со текот на времето добива уште поубав карактер и му дава прекрасен ефект на производот како ниеден друг тип на кожа… Но зошто се добива овој ефект?
Она што ја прави оваа кожа посебна е врвното занаетчиство и начинот на обработка.
По штевењето и пресувањето, за разлика од најголемиот број други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти, нашата кожа рачно се бои со природни масла и восоци. На овој начин маслата продираат длабоко во порите на кожата, создавајќи природен изглед и богат колорит. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо класичното прскање со разни заштитни слоеви, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет, боја и природен изглед со години. Заради овој пристап и обработка, Wax Pull Up кожата со текот на годините станува само поубава и добива ункатен карактер и патина кој ја раскажува вашата лична приказна со вашиот нов кожен прозвод.
Одржување
За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.
Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.
Honour Your Success
Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.
Look better, Feel better. Perform better.
Honour Your Success!
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.