На залиха
Serenzo е елегантен кожен ранец од нашата Sienna Soft колекција, кој го карактеризира префинет изглед и внимателно организирана внатрешност. Без разлика дали ве очекува работен ден во канцеларија или деловен состанок надвор од неа, Serenzo ќе биде парчето кое ќе даде дефиниција на вашиот стил и лесно ќе ве издвои од другите.
Ранецот располага со две главни прегради, и многу дополнителни џебови и организери што го прават неверојтно добро организиран за сите работи кои ги носите во текот на денот да си имаат свое место.
Во првата главна преграда се наоѓа посебна зајакната преграда за лаптоп до 15 инчи.
Втората главна преграда нуди практично организиран простор со внатрешен џеб со патент во горниот дел, идеален за помали предмети што сакате да ви бидат лесно достапни. Дополнително, во неа се наоѓаат посебна преграда за мобилен телефон, отворен џеб, простор за 4 картички и 3 пенкала, овозможувајќи сите работи кои ги носите да бидат уредно организирани.
На предната страна на ранецот се наоѓаат два дополнителни џеба со патент, идеални за предмети што сакате брзо и лесно да ви бидат достапни додека сте во движење. На задната страна има уште еден џеб со патент, поставен блиску до грб, што го прави особено практичен за побезбедно чување на вредни предмети.
Удобноста, како и кај сите производи на The Chesterfield Brand, така и кај овој ранец исто така не е заборавена. Задниот дел на ранецот како и рачките за носење на грб се обложени со мек материјал за поголем комфор при носењето, а на задната страна се наоѓа и лента за закачување на куфер, која значително ќе ви го олесни патувањето и ќе ви помогне да не ја носите целата тежина на грб.
Со својот елегантен дизајн, паметна организација и дискретен изглед, Serenzo е идеален избор за оние кои сакаат функционален и стилски ранец што ќе ги следи нивните потреби.
| Должина | 30cm |
|---|---|
| Ширина | 13cm |
| Висина | 40cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Sienna Soft Series |
За кожата
Овој производ е дел од Sienna Soft колекцијата на The Chesterfield Brand. Тоа е најквалитетна 100% полнозрнеста кожа која е препознатлива по својата исклучителна мекост на допир и уникатен луксузен изглед.
За да се добие овој тип на кожа, по процесот на штавење, кожата поминува низ специјален процес на обработка, при која ја добива својата карактеристична мекост и флексибилност. Потоа следува рачно третирање со природен восок кое создава топли и богати нијанси на бојата и дава суптилен ефект на длабочина. Како последен чекор е завршното полирање кое и дава нежен сјај и префинет завршен изглед на кожата нагласувајќи ја нејзината природна убавина.
Резултатот е кожен производ кој е неверојатно мек и пријатен на допир и претставува совршен спој на врвен квалитет, луксуз и безвременска елеганција која со текот на времето и користењето добива уште поубав карактер и ваш личен печат.
Одржување
За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.
Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.
Honour Your Success
Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.
Look better, Feel better. Perform better.
Honour Your Success!
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.