Пребарај производ Започнете со пишување

Торба За Појас Кожна Vernio – Коњак

5.290 ден со ДДВ
Шифра: C23.103231

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Одите на одмор, прошетка низ град или пак се подготвувате за некој настан? Тогаш Vernio, кожната торба за појас од The Chesterfield Brand е идеален избор за секоја прилика. Модерна, компактна и удобна, оваа чанта лесно ќе се вклопи со секој ваш изглед и безбедно ќе ги чува сите ваши работи. Стилски изработена од висококвалитетна кожа, во неа ќе можете да уживате долг период.

Vernio има прилагодлив ремен што лесно се прицврстува и отстранува благодарение на практичната тока со клик механизам што ви овозможува да ја носите торбата преку цело тело или класично на појасот. Главната преграда се затвора со патент и нуди доволно простор за мобилен телефон, очила за сонце, паричник и слични секојдневни работи.

На предната страна се наоѓа дополнителен џеб со патент, идеален за клучеви, безжични слушалки или други помали предмети. На задната страна има уште еден џеб со патент, овозможувајќи сите ваши работи да бидат безбедно организирани и секогаш лесно достапни.

Должина

34cm

Ширина

6.5cm

Висина

14cm

Боја

Коњак

Пол

Унисекс

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

За кожата

Овој производ е направен од висококвалитетна 100% Full Grain Cow Wax Pull Up кожа која воедно е најкористениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Карактеристична е по својата исклучителна мекост, природна текстура и длабока богата боја која со текот на времето добива уште поубав карактер и му дава прекрасен ефект на производот како ниеден друг тип на кожа… Но зошто се добива овој ефект?

Она што ја прави оваа кожа посебна е врвното занаетчиство и начинот на обработка.

По штевењето и пресувањето, за разлика од најголемиот број други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти, нашата кожа рачно се бои со природни масла и восоци. На овој начин маслата продираат длабоко во порите на кожата, создавајќи природен изглед и богат колорит. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо класичното прскање со разни заштитни слоеви, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет, боја и природен изглед со години. Заради овој пристап и обработка, Wax Pull Up кожата со текот на годините станува само поубава и добива ункатен карактер и патина кој ја раскажува вашата лична приказна со вашиот нов кожен прозвод.

Одржување

За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.

Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.

Honour Your Success

Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.

Look better, Feel better. Perform better.

Honour Your Success!

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Торба За Појас Кожна Vernio – Коњак”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form