Нема на залиха
Кожна чанта која привлекува со својот изглед, а освојува со практичноста. Со својот префинет изглед и чисти линии, Anira е создадена за жени кои сакаат елеганција во секојдневието, но и доволно простор за сè што им е потребно во текот на денот. Со својот безвременски дизајн и внимателно организирана внатрешност, лесно се вклопува во различни прилики, од работните обврски до прошетки низ градот – совршена комбинација за секојдневен шарм.
Anira ја карактеризираат две долги рачки, кои овозможуваат удобно носење во рака или преку рамо, во зависност од вашите потреби и стил.
Главната преграда на Anira се затвора со патент, овозможувајќи безбедно чување на сите ваши работи. Во внатрешноста се наоѓа посебна преграда за таблет, како и практичен организатор со простор за 4 картички, 3 пенкала и мобилен телефон, овозможувајќи сите помали предмети да бидат уредно организирани и лесно достапни.
Дополнително, во главната преграда има и посебен внатрешен џеб со патент, идеален за побезбедно чување на поситни вредни предмети што сакате да ги одвоите од останатите работи.
На задната страна на чантата се наоѓа уште еден џеб со патент, практичен за предмети што сакате брзо и лесно да ви бидат при рака, без потреба да ја отворате главната преграда.
Со својот безвременски дизајн, паметни организирана внатрешност и удобни рачки, Anira е чанта која со леснотија ќе се вклопи во вашиот секојдневен стил.
| Должина | 30cm |
|---|---|
| Ширина | 12cm |
| Висина | 23cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
За кожата
Овој производ е направен од висококвалитетна 100% Full Grain Cow Wax Pull Up кожа која воедно е најкористениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Карактеристична е по својата исклучителна мекост, природна текстура и длабока богата боја која со текот на времето добива уште поубав карактер и му дава прекрасен ефект на производот како ниеден друг тип на кожа… Но зошто се добива овој ефект?
Она што ја прави оваа кожа посебна е врвното занаетчиство и начинот на обработка.
По штевењето и пресувањето, за разлика од најголемиот број други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти, нашата кожа рачно се бои со природни масла и восоци. На овој начин маслата продираат длабоко во порите на кожата, создавајќи природен изглед и богат колорит. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо класичното прскање со разни заштитни слоеви, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет, боја и природен изглед со години. Заради овој пристап и обработка, Wax Pull Up кожата со текот на годините станува само поубава и добива ункатен карактер и патина кој ја раскажува вашата лична приказна со вашиот нов кожен прозвод.
Одржување
За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.
Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.
Honour Your Success
Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.
Look better, Feel better. Perform better.
Honour Your Success!
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.