Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Astero – Taupe

9.990 ден со ДДВ
Шифра: C48.142339

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Барате модерна и елегантна кожна чанта што без мислење ќе можете да ја носите во секоја пригода? Astero е кожна чанта од The Chesterfield Brand создадена за оние кои сакаат практична организација, разновидни начини на носење и безвременски стил во компактна форма. Без разлика дали одите на работа, имате состанок или сте излезени низ град, Astero лесно ќе се прилагоди на вашиот ритам.

Чантата доаѓа со два ремени за носење. Краткиот ремен што се отстранува е идеален кога сакате да ја носите во рака или кратко преку рамо, додека долгиот прилагодлив и отстранлив ремен овозможува удобно носење преку рамо или како crossbody. На овој начин, лесно можете да го промените начинот на носење зависно од приликата или вашиот стил.

Главната преграда се затвора со патент и нуди практично организирана внатрешност. Во неа се наоѓа простор за три картички, две пенкала и посебна преграда за мобилен телефон. Дополнително, во горниот дел има и внатрешен џеб со патент за побезбедно чување на помали вредни предмети, како и широк отворен џеб – идеален за работи што сакате брзо и лесно да ви бидат достапни.

На задната страна на чантата се наоѓа дополнителен џеб со патент, практичен за предмети што сакате да ги чувате сигурно, а сепак секогаш да ви бидат при рака.

Со својот паметно организиран распоред, компактен дизајн и префинет изглед, Astero е чанта што совршено ја комбинира практичноста со елеганцијата – создадена да ве следи во секој дел од денот.

Должина

32cm

Ширина

13cm

Висина

31cm

Боја

Taupe

Пол

Женски

Тип на кожа

Serene Leather

За кожата

Овој производ е дел од Serene Series колекцијата на The Chesterfield Brand. Оваа колекцијата е изработена од висококвалитетна Drum Dyed Dry Milled кожа, позната по својата мекост, леснотија и природна еластичност. Благодарение на специјалниот процес на обработка, кожата добива префинета природна текстура со сопствен карактер, додека нежните тонови создаваат мирен, елегантен и безвременски изглед.

Со својот префинет финиш и висок квалитет на изработка, Serene Series нуди совршена комбинација помеѓу елеганција, удобност и практичност за секојдневна употреба.

За одржување на кожата, овој производ лесно може да се третира со нашиот Leather Wax Spray – производ кој истовремено чисти и ја одржува кожата. Дополнително, производот доаѓа со заштитна dustbag торбичка, овозможувајќи безбедно и практично складирање кога не се користи.

Одржување

За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.

Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.

Honour Your Success

Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.

Look better, Feel better. Perform better.

Honour Your Success!

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Astero – Taupe”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form