На залиха
Nebraska е идеална кожна женска чанта за оние кои бараат компактно и функционално модно парче кое ви нуди токму доволно простор за сите ваши секојдневни неопходни работи.
Овој тип на чанта е задолжителен дел од секоја колекција благодарение на својот компактен дизајн и стилски изглед. Располага со прилагодлив ремен, овозможувајќи удобно носење преку рамо или како crossbody, според вашите потреби и стил.
Nebraska е составена од две главни прегради со патент. Првата главна преграда нуди доволно простор за клучеви, футрола за очила и други секојдневни неопходности, а во неа се наоѓа и дополнителен џеб со патент за побезбедно чување на помали вредни предмети.
Во втората главна преграда има простор за четири картички, посебна преграда за мобилен телефон и дополнително место за останатите работи што ги носите со себе.
За уште подобра организација, и на предната и на задната страна се наоѓа дополнителен џеб со патент, идеален за предмети што сакате брзо и лесно да ви бидат достапни.
Со својот компактен дизајн, паметно организирана внатрешност и разновидни можности за носење, Nebraska е совршен избор за секојдневна употреба.
| Должина | 24cm |
|---|---|
| Ширина | 8.5cm |
| Висина | 18cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Овој производ е направен од висококвалитетна 100% Full Grain Cow Wax Pull Up кожа која воедно е најкористениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Карактеристична е по својата исклучителна мекост, природна текстура и длабока богата боја која со текот на времето добива уште поубав карактер и му дава прекрасен ефект на производот како ниеден друг тип на кожа… Но зошто се добива овој ефект?
Она што ја прави оваа кожа посебна е врвното занаетчиство и начинот на обработка.
По штевењето и пресувањето, за разлика од најголемиот број други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти, нашата кожа рачно се бои со природни масла и восоци. На овој начин маслата продираат длабоко во порите на кожата, создавајќи природен изглед и богат колорит. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо класичното прскање со разни заштитни слоеви, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет, боја и природен изглед со години. Заради овој пристап и обработка, Wax Pull Up кожата со текот на годините станува само поубава и добива ункатен карактер и патина кој ја раскажува вашата лична приказна со вашиот нов кожен прозвод.
За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.
Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.
Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.
Look better, Feel better. Perform better.
Honour Your Success!
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.