Нема на залиха
Salina e кожна чанта што нуди доволно простор за сите ваши секојдневни работи, а воедно изгледа стилски и елегантно. Креирана е да биде практична, пространа и лесна за комбинирање со различни стилови и пригоди. Идеална за работа, факултет, викенд патување или ден поминат низ град.
Salina располага со две цврсти кратки рачки што овозможуваат удобно носење во рака, а дополнително доаѓа и со долг прилагодлив и отстранлив ремен за рамо, за да можете да ја носите онака како што највеќе ви одговара.
Она што ја прави оваа чанта навистина практична е нејзиниот паметно организиран распоред. Salina има две пространи главни прегради со магнетно затворање, кои овозможуваат уредно организирање на сите ваши работи.
Предната главна преграда нуди доволно простор за секојдневни предмети како шише вода, ручек и други неопходни работи, а воедно располага и со посебна преграда за мобилен телефон, простор за три пенкала и четири картички.
Задната главна преграда е исто така пространа и идеална за предмети како очила за сонце, полнач, четка за коса или други додатоци што сакате да ги носите со себе во текот на денот.
Помеѓу двете главни прегради се наоѓа дополнителен џеб со патент кој може целосно да се отвори од горниот до долниот дел – практично решение за побезбедно чување на дополнителни предмети.
На предната страна има и дополнителен отворен џеб за работи што сакате брзо да ви бидат достапни, додека на задната страна се наоѓа практичен џеб со патент за вредни предмети.
Со својот паметен распоред, голем капацитет и елегантен изглед, Salina е чанта што ви овозможува сè да ви биде организирано и лесно достапно – практична, модерна и со стил.
Карактеристики:
| Должина | 32cm |
|---|---|
| Ширина | 12cm |
| Висина | 23cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.