Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Solvin – Црна

9.990 ден со ДДВ
Шифра: C48.143300

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Замислете елегантна кожна чанта што ќе ги собере и организира сите ваши неопходни работи во текот на денот и воедно ќе го надополни секој ваш изглед. Токму тоа е Solvin – кожната чанта од The Chesterfield Brand која совршено ги спојува стилот, практичноста, и безвременската елеганција. Создадена е за оние кои сакаат сè да им биде уредно организирано и распределено и секогаш на лесен дофат на рака.

Solvin ја карактеризираат двете цврсти рачки што овозможуваат удобно носење во рака или на подлактица. Дополнително, чантата доаѓа и со долг прилагодлив и отстранлив ремен, па можете да ја носите преку рамо или како crossbody, во зависност од вашите потреби и стил.

Чантата е составена од три засебни главни прегради, сите со затворање на патент. Предната и задната преграда се покомпактни и се идеални за чување на помали предмети како пасош, клучеви, безжични слушалки или документи.

Средната преграда е попространа и нуди доволно место за се што ви е потребно во текот на денот. За уште подобра организација, во неа се наоѓаат две прегради за пенкала, четири прегради за картички, посебна преграда за мобилен телефон и дополнителен џеб со патент за предметите што сакате да ги чувате уште побезбедно.

На задната страна на чантата ќе најдете уште еден дополнителен џеб со патент, идеален за работи што сакате да ви бидат лесно достапни.

Со својот елегантен изглед, паметно организиран распоред и разновидни можности за носење, Solvin е чанта која нема да сакате да ја оставите дома.

Должина

30cm

Ширина

12cm

Висина

28cm

Боја

Црна

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

За кожата

Овој производ е направен од висококвалитетна 100% Full Grain Cow Wax Pull Up кожа која воедно е најкористениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Карактеристична е по својата исклучителна мекост, природна текстура и длабока богата боја која со текот на времето добива уште поубав карактер и му дава прекрасен ефект на производот како ниеден друг тип на кожа… Но зошто се добива овој ефект?

Она што ја прави оваа кожа посебна е врвното занаетчиство и начинот на обработка.

По штевењето и пресувањето, за разлика од најголемиот број други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти, нашата кожа рачно се бои со природни масла и восоци. На овој начин маслата продираат длабоко во порите на кожата, создавајќи природен изглед и богат колорит. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо класичното прскање со разни заштитни слоеви, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет, боја и природен изглед со години. Заради овој пристап и обработка, Wax Pull Up кожата со текот на годините станува само поубава и добива ункатен карактер и патина кој ја раскажува вашата лична приказна со вашиот нов кожен прозвод.

Одржување

За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.

Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.

Honour Your Success

Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.

Look better, Feel better. Perform better.

Honour Your Success!

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Solvin – Црна”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form