Нема на залиха
Кожениот паричник Manerba од луксузната Novum Series колекција комбинира безвременски класичен и уникатен изглед, што го прави совршен за различни пригоди. Овој паричник е компактен и простран со што ви нуди доволно простор за сите ваши основни работи.
Во функционалната внатрешност на Manerba, покрај стандардната преграда за книжни пари, ќе најдете и седум прегради специјално дизајнирани за картички и документи. Дополнително, има и прегради за сметки, и други помали документи.
Од другата страна, на располагање ви се уште три прегради за картички како и џеб за монети што безбедно се затвора со копче. Паричникот, како и сите други од колекциите на The Chesterfield Brand е опремен со уникатна RFID технологија, за заштита од бесконтактно крадење на вашите пари и податоци. Овој лукузен кожен паричник е достапен во безвременската коњак, кафена и црна боја.
Овој паричник е дел од ексклузивната колкеција на The Chesterfield Brand – Novum Series која претставува највиско ниво на квалитет и луксуз кај кожните производи. За оваа колекција се користи само посебно избрана full grain кожа која поминува низ специјален процес на штавење. Потребна е голема експертиза и многу време и внимание при изработката за да се добие овој ексклузивен тип на кожа. На крајот се добива кожа која е многу цврста но исто така и многу еластична и убава на допир. Финалната фаза е рачно третирање на кожата со восок што му дава посебна длабока и богата боја на производот. Сите овие процеси и внимание на најситните детали создаваат луксузен финален производ со уникатен изглед и посебно чувство кога го држите во вашата рака.
| Должина | 9.5cm |
|---|---|
| Ширина | 13cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Novum Series Vegetable Tanned |
Машките паричници на The Chesterfield Brand се одликуваат со модерен и елегантен дизајн и изглед. Направен од 100% висококвалитетна кожа која гарантира долгогодишно користење. Имаат доволен број различни прегради за да ги сместите сите ваши пари, картички и документи, а сепак тоа да изгледа елегантно и практично.
Сите паричници користат уникатна RFID технологија за заштита од бесконтатктно крадење пари. Во повеќето паричници таа е како мала метална плочка која носи своја тежина. Во нашиот случај е сместена во самата кожа и е комплетно неприметна и без тежина.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.