На залиха
Orveta е елегантен кожен женски паричник од The Chesterfield Brand, создаден за оние кои сакаат практична организација, сигурност и префинет изглед во компактна форма. Со внимателно осмислена внатрешност и доволно простор за секојдневните неопходни работи, овој паричник лесно станува дел од вашето секојдневие.
Овој кожен паричник располага со две главни прегради. Првата преграда се затвора со копче и нуди простор за картички, документи и книжни пари, овозможувајќи сè да ви биде уредно организирано и лесно достапно. Втората преграда се затвора со патент и е наменета за монети и помали предмети што сакате безбедно да ги чувате одделно.
Внатрешноста е практично организирана со повеќе прегради за картички и дополнителни џебови за сметки и документи, додека компактниот дизајн овозможува лесно носење без непотребно зафаќање место во чантата.
Секако, како и сите The Chesterfield Brand кожни паричници, така и Orveta има вградена RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење на пари и податоци.
Изработен од мека и висококвалитетна кожа, Orveta се одликува со безвременски изглед и прецизна изработка, комбинирајќи практичност и елеганција во едно.
| Ширина | 13cm |
|---|---|
| Висина | 11cm |
| Боја | Vintage Rose |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Serene Leather |
Овој производ е дел од Serene Series колекцијата на The Chesterfield Brand. Оваа колекцијата е изработена од висококвалитетна Drum Dyed Dry Milled кожа, позната по својата мекост, леснотија и природна еластичност. Благодарение на специјалниот процес на обработка, кожата добива префинета природна текстура со сопствен карактер. Нежните тонови создаваат мирен, елегантен и безвременски изглед.
Со својот префинет финиш и висок квалитет на изработка, Serene Series нуди совршена комбинација помеѓу елеганција, удобност и практичност за секојдневна употреба.
За одржување на кожата, овој производ лесно може да се третира со нашиот Leather Wax Spray – производ кој истовремено чисти и ја одржува кожата. Дополнително, производот доаѓа со заштитна dustbag торбичка, овозможувајќи безбедно и практично складирање кога не се користи.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.