Пребарај производ Започнете со пишување

Патна Торба Кожна Rivaro – Кафена

16.490 ден со ДДВ
Шифра: C20.006101

Нема на залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Rivaro е кожна патна торба од The Chesterfield Brand креирана да даде посебен шмек и стил на секоја авантура и патување. Rivaro совршено ги комбинира практичноста, просторот и елегантниот изглед во едно уникатно кожно парче. Со капацитет од 40 литри, оваа кожна патна торба нуди доволно простор за облека, обувки и сите неопходни работи за како за подолг викенд така и за кратко патување.

Главната преграда се затвора со патент и нуди пространа и практично организирана внатрешност. Внатре ќе најдете три отворени прегради и дополнителен џеб со патент – идеални за паричник, мобилен телефон, клучеви и други помали предмети што сакате да ви бидат уредно распоредени и лесно достапни.

На предната и задната страна на торбата се наоѓаат дополнителни џебови, практични за работи што сакате брзо да ви бидат при рака во текот на патувањето.

Rivaro доаѓа со прилагодлив и отстранлив ремен за рамо, овозможувајќи флексибилност при носење, додека широките и цврсти рачки овозможуваат удобно носење во рака, дури и кога торбата е полна.

Изработена од 100% полнозрнеста кожа, Rivaro се одликува со робустен изглед, карактер, издржливост и безвременски стил, што ја прави сигурен придружник за секое патување.

Со својот голем капацитет, практична организација и префинет изглед, Rivaro е патна торба создадена за оние кои сакаат да патуваат организирано и со стил.

 

Карактеристики:

  • Капацитет од 40 литри
  • Пространа главна преграда со патент
  • Три отворени внатрешни прегради
  • Дополнителен внатрешен џеб со патент
  • Џебови на предната и задната страна
  • Две рачки и прилагодлив ремен за рамо
  • Изработена од 100% полнозрнеста кожа

Должина

53cm

Ширина

27cm

Висина

28cm

Боја

Кафена

Пол

Унисекс

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа торба е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Патна Торба Кожна Rivaro – Кафена”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form