Ранец Кожен Austin – Коњак
12,500 ден
10,625 ден
Кожен ранец кој е стилски, кул, практичен и идеален за секојдневна употреба? – Тоа е Austin, вашиот незаменлив придружник во секојдневните активности.
Овој мултифункционален ранец ќе биде незаменлив дел во вашето секојдневие пред се поради многуте прегради и организери кои ќе ги чуваат сите ваши предмети прегледни и добро огранизирани.
Austin го карактеризираат две засебни главни прегради. Задната, која е специјална засилена преграда за лаптоп до 14 инчи и предната во која ќе најдете повеќе слободен простор за вашите работи, дополнителни внатрешни организери, џеб за телефон како и уште една помала преграда за таблет до 12,9 инчи.
На надворешната страна овој кожен ранец има уште 2 посебни прегради со патент, страничен држач за шише како и ремен за прицврстување на ранецот на куфер кој се наоѓа на задната страна. Сето ова го прави Austin идеален придружник и за патување.
Удобноста исто така не е заборавена. Грбот на ранецот има мек материјал за поголем комфор при носењето, а ременот за закачување на куфер дефинитивно ќе ви донесе комфор и ќе го олесни секое ваше патување.
На залиха
WOMEN'S DAY SALE (01.03-08.03)
Веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите.
Ги користиме исклучиво најдобрите материјали за да создадеме висококвалитетни кожни производи кои траат цел живот. Ние веруваме во квалитетот на нашите производи и со гордост ви даваме 1-годишна гаранција за производите. Ова ви овозможува да купувате без грижи. Одржливоста е важна за нас и ви гарантираме дека секој производ е одговорно произведен.
14 дена враќање или замена на производите без никакви прашања и можност за плаќање при прием на производот
Уживајте во политиката за враќање или замена без прашање до 14 дена. Со ова сакаме да се осигураме дека сте целосно задоволни од производот. Сакаме нашите клиенти да се чувствуваат самоуверено и горди со нашите производи и затоа доколку производот кој сте го нарачале не е она што сте го очекувале, можете лесно да го вратите во рок од 14 дена од приемот. Само контактирајте не на нашиот телефон или меил адреса, а ние со задоволство ќе ви излеземе во пресрет .
Дополнителни Информации:
| Должина |
32cm |
|---|---|
| Ширина |
14cm |
| Висина |
39cm |
| Боја |
Коњак |
| Пол |
Унисекс |
| Тип на кожа |
Wax Pull Up Leather Висококвалитетна кожа од говедо. Се одликува со мазна текстура и длабока богата боја. Ова е најчестиот тип на кожа кој го користиме. |
Овој ранец е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете го производот со нашиот специјален восок за одржување и чистење и тој ќе си го врати стариот сјај.
Сите ваши нарачки се испраќаат преку курирска служба т.е. брза пошта. На денот на испораката курирот ќе ве контактира дали сте на локацијата која сте ја навеле за испорака, а доколку не сте таму можете да одложите и за друг ден. Нарачките се испорачуваат помеѓу 8:00 и 17:00 часот и најдобро е да наведете локација на која се наоѓате најчесто во тој период од денот, било тоа да е на работа, дома или на некое друго место.
Време на испорака
- Нарачките пристигнуваат за 1-4 работни дена (најчесто два дена) од вашата нарачка.
Сакате експресна испорака?
- Доколку сакате приоритетна испорака во полето за нарачка можете да го наведете тоа и нарачката ќе ја добиете за:
Скопје – 1 до 3 часа (300 ден)
Надвор од Скопје – истиот ден доколку е нарачано до 9:00 часот наутро или наредниот ден доколку е после 9:00 часот (420 ден)
Не ви се чека испорака од брза пошта?
- Посетете не на нашата локација на ул. Јуриј Гагарин бр 55, 1000 Скопје каде можете да ги подигнете производите на лице место.
НАПОМЕНА – можат да се подигнат само производите кои се веќе нарачани и платени со платежна картичка преку веб страната www.thechesterfieldstore.mk . Оние потрошувачи кои имаат избрано опција плаќање на курир во готово при прием, ќе мораат да ја сочекаат испораката од брзата пошта.
The Chesterfield Brand производите се направени за да го поттикнат вашиот успех. Изгледајте добро, чувствувајте се добро и почитувајте го сопствениот успех. Chesterfield ќе ве следи во чекор.
Имате некакви прашања поврзани со некој наш производ?
ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје
СЛЕДЕТЕ НЕ
Може да Ве интересира и:
ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
ул. Јуриј Гагарин бр.55, Скопје

Критики
Сеуште нема мислења.