Пребарај производ Започнете со пишување

Ранец Кожен Jamaica – Кафен

16.990 ден со ДДВ
Шифра: C58.032601

Нема на залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Jamaica е кожниот ранец од The Chesterfield Brand создаден да биде сигурен придружник за деловни состаноци, работни денови и патувања. Со доволно простор и одлична организација, овој ранец е наменет за оние кои сакаат сè што им е потребно да го носат стилски и прегледно – на работа или за на пат.

Ранецот Jamaica е поделен на два дела. Главната преграда се отвора со патент по целата должина и нуди многу простор за поголеми и помали предмети. Освен телефон, паричник и клучеви, во неа лесно ќе соберете очила за сонце, книга, па дури и јакна. Благодарение на практичните внатрешни торбички кои доаѓаат со овој ранец, сите работи кои ги носите ќе ви бидат уредно распоредени, прегледни и лесно достапни.

Внатре во главната преграда овој елегантен кожен ранец има повеќе внатрешни џебови за чување на помали предмети, а внатрешниот џеб со патент има и дополнителна RFID-заштита, што овозможува безгрижно носење на паричник со платежни картички, биометриски пасоши и слично.

Вториот дел на овој ранец претставува засилена преграда за лаптоп до 16 инчи, која е обложена со мек материјал кој обезбедува сигурност и заштита при секојдневно носење.

Кога ви е потребен дополнителен простор, Jamaica со отворање на средишниот патент може да се прошири и да собере уште повеќе работи.

Удобноста, како и кај сите производи на The Chesterfield Brand, така и кај овој ранец исто така не е заборавена. Задниот дел на ранецот како и прерамките за носење на грб се обложени со мек материјал за поголем комфор при носењето, а кога ќе одите на пат лентата за закачување на куфер дефинитивно ќе ви го олесни патувањето и ќе ви помогне да не морате да ја носите целата тежина на вашиот грб.

Со димензии 32 × 14–16 × 40 cm, ранецот Jamaica е погоден и како рачен багаж кој може да се постави под седиштето во авион. Секако, секогаш се препорачува претходна проверка на дозволените димензии кај авиокомпанијата.

Карактеристики:

  • Засилена и подплатена преграда за лаптоп до 16 инчи
  • Засилен и мек заден дел и удобни прерамки
  • Packing cubes (посебни внатрешни торбички)
  • RFID-заштитена преграда
  • Повеќе џебови со патент
  • Можност за проширување преку дополнителен патент
  • Погоден како рачен багаж (32 × 14–16 × 40 cm)

Должина

32cm

Ширина

16cm

Висина

40cm

Боја

Кафена

Пол

Унисекс

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Овој кожен ранец е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Ранец Кожен Jamaica – Кафен”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form