На залиха
Larsson е модерен и урбан кожен ранец чиј уникатен дизајн не може да не привлече внимание каде и да се појавите. Во него има доволно елеганција да можете да го комбинирате со вашиот деловен аутфит како и доволно шмек за вашите полежерни комбинации. На вас останува да одлучите каде и како ќе го носите овој кожен ранец.
Ларсон го одликува внатршност со доволно простор за работите кои ви требаат во текот на денот, а внимателно осмислените џебови и прегради ќе се погрижат сите тие да бидат добро организирани и прегледни. Патентот на овој ранец се отвара целосно до доле што ви дава и одлична прегледност при пакување или барање работи внатре.
Под капакот на главната преграда ќе најдете посебен простор за лаптоп до 15 инчи, џеб со патент за предмети како слушалки и клучеви, џеб за телефон како и организер за неколку пенкала и картички. Покрај ова, на предната и задната страна дополнително има по уште една преграда која се затвора со патент.
Сите овие карактеристики го прават Larson совршен придружник во вашите секојдневни обврски и активности.
| Должина | 33cm |
|---|---|
| Ширина | 13cm |
| Висина | 40cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Овој кожен ранец е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа што му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.