На залиха
Вистинската елеганција и стил се кријат во едноставноста. Harlan е машка кожна чанта за рака од The Chesterfield Brand, која со својот безвременски и минималистички стил внесува посебна доза на елеганција во секоја комбинација. Нејзиниот суптилен дизајн ја прави идеален избор како за секојдневна употреба така и за посвечени прилики.
Harlan нуди и флексибилност при изборот на начинот на носење. Можете удобно да ја носите на зглобот со помош на краткиот отстранлив ремен, а доколку преферирате покласичен изглед, ременот лесно се отстранува, а чантата можете да ја носите директно во рака прицврстена со помош на кожна лента поставена по нејзината должина.
Главната преграда се затвора со патент, а во внатрешноста се наоѓаат посебен џеб со патент и дополнителен отворен џеб, овозможувајќи помалите предмети како телефонот и слично да бидат уредно организирани и лесно достапни.
Со својата компактна форма, внимателно осмислени детали и безвременски дизајн, Harlan е повеќе од практична машка кожна торба за рака. Таа е стилски додаток кој со леснотија ги спојува класичната елеганција и современиот машки стил.
| Должина | 24cm |
|---|---|
| Ширина | 1cm |
| Висина | 18cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
За кожата
Овој производ е направен од висококвалитетна 100% Full Grain Cow Wax Pull Up кожа која воедно е најкористениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Карактеристична е по својата исклучителна мекост, природна текстура и длабока богата боја која со текот на времето добива уште поубав карактер и му дава прекрасен ефект на производот како ниеден друг тип на кожа… Но зошто се добива овој ефект?
Она што ја прави оваа кожа посебна е врвното занаетчиство и начинот на обработка.
По штевењето и пресувањето, за разлика од најголемиот број други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти, нашата кожа рачно се бои со природни масла и восоци. На овој начин маслата продираат длабоко во порите на кожата, создавајќи природен изглед и богат колорит. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо класичното прскање со разни заштитни слоеви, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет, боја и природен изглед со години. Заради овој пристап и обработка, Wax Pull Up кожата со текот на годините станува само поубава и добива ункатен карактер и патина кој ја раскажува вашата лична приказна со вашиот нов кожен прозвод.
Одржување
За да ја зачувате мекоста и природниот изглед на кожата, се препорачува квартално одржување и премачкување на производот со нашиот природен восок за кожа. Овој производ истовремено ја чисти, негува и штити кожата, помагајќи ѝ долго да го задржи својот препознатлив изглед и сјај.
Кога не го користите производот, препорачуваме истиот да го чувате во заштитната памучна dustbag торбичка која ја добивате и која го штити производот од прашина, одржува оптимална топлина и придонесува за негово долготрајно зачувување.
Honour Your Success
Со кожните чанти и аксесоари на The Chesterfield Brand, нашата цел не да создаваме само висококвалитетни модни производи, туку ваши придружници во секојдневните моменти и успеси. Нашата цел е да се чувствувате посигурно, да изгледате подобро и со самодоверба да чекорите кон секој нов предизвик.
Look better, Feel better. Perform better.
Honour Your Success!
За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.
Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.
Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.
Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје
Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.