На залиха
Ова е “Veneto”, совршената кожна торба за лаптоп чиј изглед ќе го издигне вашиот бизнис стил над сите други. Без разлика дали сте во канцеларија, на деловен ручек или треба да одржите важна презентација, оваа торба за лаптоп има доволно простор за сите ваши вредни предмети и гарантира дека секогаш ќе изгледате стилски и модерно. Едноставно, ќе биде вашиот совршен придружник на секој состанок и секој работен ден.
Доаѓа со ремен за рамо кој е прилагодлив. Ова ви овозможува да ја носите во онаа должина која вам ви одговара. По потреба истиот можете и да го извадите. Veneto се затвора со преклоп и две елегнтни токи со магнетно затворање, проследено со сигурен патент на главната преграда. Внатрешноста е паметно поделена со повеќе прегради и организери како и дополнителна преграда со патент. Од едната страна, ќе најдете засилена преграда за лаптоп до 14 инчи, додека другата страна е опремена со помали прегради за складирање на вашиот телефон, слушалки, клучеви и други основни предмети. Доколку и ова не е доволно, на задната страна од торбата ќе забележите уште една преграда која се затвара со патент.
Со својата разновидност и безвременски изглед, Veneto совршено се вклопува во вашиот професионален живот.
| Должина | 38cm |
|---|---|
| Ширина | 10cm |
| Висина | 28cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа торба е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.