Пребарај производ Започнете со пишување

Чанта Женска Кожна Tofino – Кафена

9.290 ден со ДДВ
Чанта Женска Кожна Tofino – КафенаЧанта Женска Кожна Tofino – ЦрнаЧанта Женска Кожна Tofino – Коњак
Шифра: C48.143401

На залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Барате кожна чанта што ќе ве издвои од другите и ќе остави впечаток? Запозајте ја Tofino – модел кој совршено ги комбинира стилот и функционалноста. Tofino е пространа и практична кожна чанта креирана од The Chesterfield Brand и создадена за секојдневна употреба и динамични денови кога сакате сите ваши работи да ви бидат уредно организирани и секогаш при рака.

Благодарение на цврстите кожни рачки, Tofino удобно можете да ја носите преку рамо, дури и кога имате подебела облека како јакна или капут. Чантата убаво прилега и останува стабилна при носење, нудејќи удобност во текот на целиот ден.

Главната преграда се затвора со патент и нуди многу простор за сите ваши секојдневни неопходни работи – од мобилен телефон, голем паричник и клучеви, до футрола за очила, козметика, шише вода, па дури и книга.

Внатрешноста е практично организирана со повеќе дополнителни прегради, меѓу кои простор за четири картички, две пенкала и посебна преграда за мобилен телефон. Дополнително, тука се наоѓа и засилен џеб со патент, идеален за повредни предмети како пасош, e-reader или помал таблет.

За уште поголема практичност, на задната страна на чантата има дополнителен џеб со патент – совршен за предмети што сакате брзо да ви бидат достапни.

Со својот просторен дизајн, внимателно организирана внатрешност и префинет изглед, Tofino е чанта што лесно се вклопува во секојдневниот ритам – практична, елегантна и создадена да трае.

 

Карактеристики:

  • Пространа главна преграда со патент
  • Простор за 4 картички, 2 пенкала и мобилен телефон
  • Засилен џеб со патент за вредни предмети
  • Дополнителен заден џеб со патент
  • Цврсти кожни рачки за удобно носење преку рамо
  • Изработена од 100% полнозрнеста кожа

Должина

30cm

Ширина

12cm

Висина

26.5cm

Боја

Кафена

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Tofino – Кафена”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form