Пребарај производ Започнете со пишување

Паричник Женски Кожен Aldra – Кафен

4.290 ден со ДДВ
Шифра: C08.054401

На залиха

Waitlist
Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Мал по димензии, но извонредно практичен – кожниот паричник Aldra е создаден за оние кои сакаат ред, сигурност и елеганција во компактен формат. Совршен избор за секојдневно користење – без компромис во квалитетот и функционалноста.

Aldra и покрај компактната форма, нуди изненадувачки многу простор. Паричникот е поделен на две главни прегради. Првата се затвора со копче и располага со место за осум картички, од кои две се со транспарентно прозорче – идеални за лична карта или возачка дозвола. Дополнително, тука се наоѓаат и неколку внатрешни џебови за сметки или документи, како и посебна преграда за книжни пари.

Втората преграда се затвора со патент и е наменета за монети, а во неа има и дополнителни прегради за картички, за уште подобра организација.

Aldra како и секој паричник на The Chestefield Brand е опремена со интегрирана RFID заштита од бесконтактно крадење на вашите пари и податоци од картичките. Оваа технологија е вградена во внатрешноста на кожата, без да влијае на изгледот – нудејќи сигурност, практичност и стил во едно.

Со својот чист дизајн, паметна организација и префинет изглед, Aldra е паричник што лесно станува дел од вашето секојдневие – компактен, сигурен и со стил.

Должина

12cm

Висина

8.5cm

Боја

Кафена

Пол

Женски

Тип на кожа

Nappa Leather

Овој производ е дел од колекцијата Soft Nappa. Nappa кожата е луксузна, врвна полнозрнеста кожа позната по својата неверојатно мека, мазна и еластична текстура неверојатно пријатна на допир. Овој висококвалитетен материјал е подложен само на минимална обработка. Тоа му овозможува да го задржи својот природен изглед додека со текот на времето развива уникатна патина. Nappa-кожата е препознатлива по нејзината издржливост што ја прави идеален материјал за креација на нашите луксузни кожни паричници.

Благодарение на ситното зрно (структурата на влакната) и исклучителната отпорност на абење, Nappa кожата претставува совршена комбинација на елеганција и функционалност.

Овој производ е лесен за одржување со нашиот восок за кожа кој е производ и за чистење и за одржување во едно!

почетна кожни производи TCB слајдер десктоп

Посесете го нашиот изложбен простор за целосно искуство

Почувствувајте го луксузот во своите раце и видете ги колекциите во живо.

За секој наш производ можете целосно да се информирате и детално да го разгледате на нашата веб страна, но ништо не може да го замени искуството кога ќе го видите проиводот со сопствените очи и ќе го почувствувате квалитетот на кожата во свои раце. Во нашата дирекција имаме изложбен простор во кој можете да го видите и искусите секој производ од прва рака.

Без разлика дали барате инспирација за ваша лична нарачка или за поклон, сакате први да ја видите новата сезонска колекција или едноставно сакате само подобро да го запознаете тимот кој стои зад The Chesterfield Brand, посетата на нашиот изложбен простор ќе ви овозможи персонализирано искуство со стучен бренд менаџер кој ќе ви помогне полесно да ја донесете одлуката.

Изложбениот простор е отворен и слободен за посета секој работен ден од 08:30 до 16:00ч , но ве охрабруваме претходно да се најавите на нашиот телефонски број 078 225 813 со цел да можеме да ви обезбедиме подобра услуга при вашата посета.

Адреса: Јуриј Гагарин 55, кула 11, приземје

Работно време: понеделник – петок од 08:30 до 16:00 ч

TCB Club

Станете член на TCB клубот

Бидете први што ќе ги видат новите колекции и уживајте во попусти и подароци наменети само за членовите.

Зачленете се
  • 5% попуст на првата нарачка
  • 15% роденденски подарок
  • Прв пристап до новите колекции

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Паричник Женски Кожен Aldra – Кафен”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 3.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form