На залиха
Кожната чанта Forano е преубав безвременски модел кој е совршен за секоја сезона и пригода. Гарантираме дека ќе стане вашиот совршен придружник без кој нема да можете да си го замислите секојдневието.
Под преклопот ќе најдете неверојатно простран и практичен распоред со три посебни прегради, каде ќе можете организирано да ги носите сите ваши основни работи и за секоја да знаете каде и е местото. Внатре во овие прегради ќе најдете и посебни помали џебови и организери за работи како што се на пример, вашиот телефон и шминки.
Идеална и за денски прошетки и за ден на работа, а секако заради својата елеганција, совршена е и за посвечени пригоди. Изработена е од нашата првокласта Cow Wax Pull Up Leather што е вашата гаранција дека ќе ја користите со години.
Кожната чанта Forano доаѓа со прилагодлив ремен на рамо што можете да го приспособите според висина која вас ви одговара во моментот. Издолжете го за да го носите попречно преку цело тело или скратете го за удобно носење на рамо – одлуката е на вас.
| Должина | 23cm |
|---|---|
| Ширина | 8cm |
| Висина | 15cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.